И ти имаш право на подобар живот – Направи го првиот чекор!

И ти имаш право на подобар живот – Направи го првиот чекор!

Млади сте и имате потреба од надоградување на знаење, стекнување на нови  работни вештини, за полесно вработување или отворање мал бизнис, тогаш е ова идеална можност да се запознаете со услугите на Ресурсниот Центар.

Тимот на Ресурсниот Центар ве поканува на заедничка дружба на ОТВОРЕН ДЕН кој ќе се одржи на 31.07.2018 – вторник од 10 часот до 15 часот.

На настанот ќе имате можност да се запознаете со  активностите, обучувачите, кариерните советници, и цел стручен кадар преку кој ќе добиете повеќе информации како да се вклучите.

Ќе имате можност да се сретнете со стручниот тим за кариерно советување и да добиете поддршка, информации и совети кои ќе придонесат за ваше полесно вработување или отворање сопствен бизнис. Обуките и услугите кои ние  ги нудиме се бесплатни.

За повеќе информации околу настанот јавете се на телефон 071 370 150 или посетете ја страната на Facebook.

Share this:

Leave a Reply