МОТИВАЦИСКИ ВИКЕНД 4

МОТИВАЦИСКИ ВИКЕНД 4

Она што во март 2014 започна како иницијатива на 6 волонтери на Младите можат, продолжи како концепт наречен Мотивациски викенд!

Со гордост го претставуваме четвртиот по ред настан за мотивација, инспирација, вмрежување и успех.

Мотивациски викенд е настан од отворен карактер, кој има за цел да ги прикаже личните приказни на успешни професионалци од Македонија и со тоа да ги мотивира младите да работат и да инвестираат во својот личен и професионален развој.

Мотивациски викенд претставува поддршка на младите да ги остварат своите сништа, да го унапредат својот живот и го искористат својот потенцијал. Да стекнат знаења, вештини и техники со помош на кои ќе научат како да бидат она што го посакуваат и да станат најдобра верзија од самите себе. 

На овој Мотивациски викенд ќе имате можност да слушнете 8 инспиративни приказни на успешни луѓе. За ефектот да биде целосен ќе бидат организирани и 4 работилници на различни теми, кои ќе понудат вештини кои му се потребни на секој млад човек. На крајот на настанот ќе биде организирана забава за вмрежување, каде присутните млади ќе имаат можност да поразговараат со говорниците, предавачите и организаторите на овој настан.

Не пропуштајте го овогодинештниот Мотивациски викенд и почуствувајте го мотивацискиот пулс…

Влезот е бесплатен, а присуството задолжително. Повеќе информации за настанот можете да најдете на Facebook

Настанот е организиран во рамки на проектот “Академија за младински активизам” имплементиран од Младите можат, а поддржан од Амбасадата на САД во Република Македонија.

Локација:
Македонска опера и балет

Share this:

About the Author

mladitemozat

mladitemozatМладите можат е организација креирана од младите луѓе за младите луѓе од 8 млади ентузијасти во 2009 година. За 6 години постоење организацијата брои над 700 члена. Младите МОЖАТ овозможува: простор за личен и професионален развој кај младите преку неформалното образование платформа преку која младите можат да ги реализираат своите идеи и иницијативи развој на младински активизам како алатка за општествена промена промоција на правата и слободите на младите луѓе во Македонијa.

View all posts by mladitemozat

Leave a Reply