Повик за учество на викенд-обука од областа на сеопфатното сексуално образование

Во рамки на својата програма за неформално сеопфатно сексуално образование (ССО), ХЕРА објавува повик за учество на обука од областа на ССО.

Обуката опфаќа:

  • Дводневна работилница за запознавање со седумте компоненти на ССО: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, насилство, врски и односи и различност. 
  • Обуката ви носи и можност по нејзиното поминување да станете дел од тимот на волонтери ХЕРАМлади.

Обуката ќе се одржи на 30 септември и 1 октомври 2017 година во Скопје од 9 до 18 часот. Учесниците кои ќе ја поминат, ќе добијат сертификат. Обуката е бесплатна:
сите трошоци, освен за пат и сместување, ќе бидат покриени од страна на ХЕРА.

Ги покануваме сите млади кои:

  • се на возраст од 14 до 18 години
  • сакаат да добијат информации од полето на сексуалното и репродуктивно здравје и права
  • се мотивирани да бидат волонтери во ХЕРА
  • сакаат да работат во тим, знаат да исполнуваат задачи навреме

Заинтересираните најдоцна до 20 септември 2017 треба да испратат:

  • Писмо во кое ќе ја изразат својата мотивација зошто сакаат да бидат дел од оваа обука (најмногу 500 зборови)

Бројот на учесници е ограничен.
Ве молиме да наведете телефон за контакт и е-адреса.

Документите со назнака на пораката повик за обука од областа на ССО можете да ги доставите на seksualnoobrazovanie@hera.org.mk

Share this:

Leave a Reply