Повик за аплицирање за академските стипендии за граѓанското општество

Повик за аплицирање за академските стипендии за граѓанското општество

Отворен е повикот за академските стипендии за граѓанското општество – АСГО“ (Civil Society Scholar Awards – CSSA) кои ја поддржуваат меѓународната академска мобилност, со цел на студентите на докторски студии и факултетскиот кадар да им овозможат пристап до ресурсите кои го поткрепуваат социјално ангажираното и критичко истражување во нивните родни земји или региони.

Стипендиите на Фондациите Отворено општество се отворени за студенти на докторски студии од соодветните научни полиња на акредитирани универзитети (во или надвор од својата родна земја), како и за членови на факултетски кадар кои работат со полно работно време (мора да поседуваат најмалку диплома од магистерски студии) и кои предаваат на универзитети во својата родна земја. Македонија е една од државите чии граѓани може да аплицираат за овие стипендии.

Прифатлива е која било област во рамките на општествените и хуманистичките науки, но особено оние поврзани со: право, правда и владеење; одржлив развој и менаџмент на природни ресурси; економски права и јакнење на сиромашните; јавно здравство, социјална работа и општествен развој; закони и политики на новите медиуми; инклузивно образование; пост–конфликтни студии; човекови права.  Програмата не дискриминира според возраста, расата, бојата на кожата, полот, религиската определба, сексуалната ориентација, промена на пол, попреченост, бременост и мајчинство или брак и/или граѓанско партнерство.

За оваа програма не можат да аплицираат студентите или членовите на факултетскиот кадар кои се во моментот запишани на магистерски студии.

АСГО поддржува краткотрајни, меѓународни академски проекти, како што се: теренска работа (прибирање податоци); истражувачки посети на библиотеки, архиви или универзитети; развој на предмети, курсеви и наставни програми; меѓународни соработки во истражувањата кои ќе доведат до рецензирана публикација. Барањата за финансиска поддршка во школарината и хонорарите од првата година ќе бидат разгледувани врз база на јасно демонстрираната потреба од страна на студентите на докторски студии, кои стекнале право на упис на универзитетите надвор од својата родна земја. Времетраење на проектот е од 2 до 12 месеци, а максимален износ на стипендијата е 15 000 долари.

Конкурсот на АСГО се базира исклучиво врз заслуги. Селекцијата ќе се изврши врз база на докажан академски успех и јасна и оправдана потреба за патување во странство со цел завршување на истражувачкиот проект, како и релевантноста на проектот за развојот на отвореното општество во родната земја на кандидатот

Повеќе информации се достапни на сајтот на Фондациите Отворено општество.  Апликантите се охрабруваат да аплицираа преку онлајн формулар. Целосните апликации може да се доставуваат најдоцна до 31 март, 2018 година. Целиот повик може да се преземе ОВДЕ.

Share this:

Leave a Reply