Платена пракса во БОИНГ

Платена пракса во БОИНГ

Боинг нуди платена пракса на неколку позиции во САД, Италија, Германија и други земји. Како практикант во Боинг, ќе стекнете вистинско искуство и ќе работите рамо до рамо со тим кој прави неверојатни нешта. Боинг нуди пракса во инжинерство, бизнис и ИТ на различни локации во САД и ширум светот. 12-неделната програма Ви дава пристап до најновата технологија и разлини можности да ги зајакнете вашите вештини. Како практикант во Боинг, можете да помогнете да изградиме нешто подобро.

Бенефити:

  • Ќе имате можност да зборувате со искусни професионалци и експерти ширум Боинг;
  • Програмата вклучува градење врски преку менторските програми;
  • Ќе учествувате во мнозинство на активности како екскурзии низ погоните, вклучување во заедницата, настани за вмрежување и семинари, продолжување со развивањето на нови вештини;
  • Платена пракса.

Услови:

  • Боинг инжинеринг програмата за пракса е можност за студенти кои се на додипломски студии, интегрирани студии или магистерски студии;
  • Мора да бидете достапни за целовремена работа од минимум 10 недели (пожелно е 12 недели).

Достапни региони: отворен повик за сите.

Локација:
Повеќе локации
Рок за аплицирање:
//
Како да аплицирате:
https://jobs.boeing.com/category/internship-jobs/185/9287/1
Други детали:
Повеќе информации на: http://www.boeing.com/careers/college/

Share this:

Leave a Reply