Бесплатни обуки за млади

Бесплатни обуки за млади

Имате можност да се вклучите во бесплатните обуки наменети за млади, невработени лица до 29 години, кои се спроведуваат преку Агенцијата за вработување на Република Македонија, а во рамки на постојната имплементација на проектот ,,Поддршка за вработување на млади“ финансиран од ЕУ, и тоа:

  • Обука за подготовка за вработување и вештини за барање работа

Целта на овие обуки е да им се овозможи на младите лица, првенствено да се мотивираат активно да се вклучат во пазарот на трудот, а  истовремено да совладаат вештини и знаења кои би им биле од корист при барањето работа. Обуката има два модули во зависност од предходно извршената категоризација на невработените лица согласно индивидуалниот план за вработување. Обуките се спроведуваат од страна на реномирани експерти од оваа област и траат од два до четири дена.

  • Обука и советување за претприемништво

Преку оваа обука ќе имате можност вашата бизнис идеја да ја  формиулирате во бизнис план кој ќе го изработите со поддршка на консултати кои имаат долгогодишно искуство во оваа област. Обуката ќе ви помогне да се стекнете со вештини од областа на претприемништвото и да изработите бизнис план, кој ќе може да го поднесете и да аплицирате во програмата за самовработување за грант до 4.000 евра.

  • Обука за напредни ИТ вештини

Преку обуките за напредни ИТ вештини ќе се стекнете со знаење и вештини од областа на информациската технологија. Во моментот има можност за учество на следните програмски јазици: JAVA и ISTQBСо завршувањето на овие обуки ќе имате можност да се стекнете со меѓународно признаен  сертификат.

Пријавувањето се врши во Центарот за вработување во град Скопје.

За дополнителни информации слободно обратете се на контактите подолу:

ЕУ-ИПА Проект „Поддршка за вработување на млади“
Агенција за вработување на Република Македонија
Адреса: „Васил Ѓоргов“ бр. 43, 1000 Скопје – Македонија
Телефон:+ 389 2 3 21 30 70 (локал 103)
Мобилен:+ 389 77 849 321
E-пошта: vesna.markoska@avrm.gov.mk
Веб страна: www.avrm.gov.mk

Share this:

Leave a Reply