Kонкурс за нова работна позиција: ПРОГРАМСКИ АСИСТЕНТ(КА)

Kонкурс за нова работна позиција: ПРОГРАМСКИ АСИСТЕНТ(КА)

Младински Сојуз – Крушево , канцеларија Скопје објавува конкурс за нова работна позиција

ПРОГРАМСКИ АСИСТЕНТ(КА)

Потребни квалификации:
– Висока стручна спрема– ВСС VII/1;
– Општествен или претходен НВО ангажман;
– Одлично познавање на англиски јазик (писмен и говорен);
– Познавањето на некој друг јазик (Албански, Германски) ќе се смета за предност;
– Подготвеност за патување во регионот.
Опис на работното место
– Учество во целокупната работа и планирање на активностите на канцеларијата во Скопје;
– Пишување на проектни апликации и извештаи за спроведени активности;
– Креирање на програма за младински актисности;
– Имплементирање, развој и асистенција на проектите предвидени во годишната програма;
– Водење на административна документација;
– Мониторинг на општествените промени и случувања во секторот на младинска работа и
младински политики во државата и регионот;
– Ажурирање на профилите на организацијата на социјалните мрежи;
– Вклученост во работни групи организирани од Младински Сојуз или од партнерски организации
за потребите произлезени од стратешкиот план;
– 40 работни часа неделно со флексибилно работно време зависно од потребите на канцеларијата;
– Можност за дополнителен ангажман на други проекти водени од канцеларијата во Скопје;
Работниот однос се заснова на определено време од 01.12.2017 до 31.05.2018 со можност за продолжување.
Изборот на пријавените кандидат(к)и ќе се изврши по извршените интервјуа во рок од 7 дена по
истекот на рокот за пријавување.
Кандидат(к)ите кои ги исполнуваат наведените квалификации може да испратат своја биографија и
мотивациско писмо на contact@youthalliance.org.mk најдоцна до 25.10.2017.

Share this:

Leave a Reply