Oтворено предавање за студенти: Кога правиме логични грешки? Правила на критичка аргументација


Придруж
eте ни се на третото и последно од серијата отворени предавање за студенти за заеднички да го истражиме концептот на критичната дискусија како идеален модел за разрешување на разликите во гледиштата на конструктивен и логички издржан начин.

Ќе го истражиме моделот на критична дискусија според Ф. ван Емерен и Р. Гротендорст во рамките на т.н. „прагма-дијалектичка“ теорија на аргументацијата, вклучувајќи ги и „десетте правила“ врз кои се базира кодексот на рационалната дискусија во контекст на овој модел.
Не пропуштајте да дознаете како прагма-дијалектичката теорија на аргументацијата ги третира логичките грешки во дискусијата која ќе ја води проф. Д-р. Ана Димишковска.


Предавање: „Кога правиме логички грешки? Правила на критичка дискусија и аргументација“

Локација: Голем амфитеатар на Филозофски факултет – Скопје
Датум: 27 март 2024 година (среда)
Време: 17:00 ч.
Најавето го своето присуство со пополнување на формата достапна на следниот линк: https://forms.gle/oWaorjSbpieTiU5a7
Оваа активност ја органзира Младински образовен форум со поддршка од проектот „Практикувај демократија“, спроведуван од Фондацијата за демократија на Вестминстер, а финансиран од Британската амбасада во Скопје.

Повик за изработка на медиумски производи

Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во партнерство со Младински образовен форум (МОФ), во рамки на регионалниот младински проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, објавува повик за 15 млади од општините: Велес, Битола, Гостивар, Охрид и Струга за изработка на медиумски производи на тема: конструктивни наративи, поттикнување на соработка, интеркултурен дијалог, разбирање и доверба.

Кандидатите за учество во програмата треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Да се млади на возраст од 18 до 29 години;
  • Да покажуваат интерес и разбирање за темите;
  • Да се во можност да учествуваат на четиридневна обука за градење вештини за подготовка на медиумски производи на почетокот на месец март (2-5 март 2024);
  • Да се обврзат дека по завршената обука ќе можат активно да се вклучат во теренска работа во локалните заедници за изработка на медиумските производи, во тесна соработка со ментори кои ќе бидат определени од УНФПА во партнерство со Младински образовен форум (МОФ);
  • Избраните учесници исто така се обврзуваат да земат активно учество во последователна средба, по комплетирање на медиумските производи.

Главната цел на повикот е промоција на конструктивни наративи во јавноста од младите за младите кои ќе поттикнат мултиетничка соработка, инклузија и родова еднаквост. Областите на кои ќе треба да се фокусирани медиумските производи вклучуваат: врсничка едукација, идентитет и интеркултурен дијалог, младинско учество, младински активизам и обликување на перцепциите за стереотипи, предрасуди и дискриминација.

Избраните учесници ќе посетат четиридневна обука (Boot Camp) за да се стекнат со потребните вештини и алатки за изработка на медиумски производи/приказни. На обуката младите ќе учествуваат на сесии за основи на новинарството и развивање на приказна, новинарска фотографија, техники за видео и аудио снимање и едитирање на мултимедијални производи. Медиумските производи кои ќе бидат креирани од учесниците ќе опфатат различни формати (веб, видео, аудио, печатени). Сите медиумски содржини кои ќе бидат изработени од младите учесници ќе бидат објавени и на социјалните мрежи на МОФ и УНФПА. Апликантите треба да покажат дека имаат јасен концепт за посакуваниот исход од содржините што ќе ги развијат.

По завршување на обуката, учесниците ќе работат со ментор што ќе ги координира учесниците од една општина и ќе ги советува при изработка на медиумските производи. Во исто време, менторот ќе работи со избраните учесници на унапредување на квалитетот на медиумските производи согласно целите на проектот. Трошоците поврзани со спроведување на задачата ќе бидат соодветно надоместени по претходно одобрување и во согласност со политиката на организаторот.

Краен рок за аплицирање е 20 февруари 2024. Избраните учесници ќе бидат известени најдоцна до 23 февруари 2024.

За сите дополнителни прашања, може да се обратите до Ивона Кузмановска на [email protected].

Повик за уредник/чка на Радио МОФ

Приклучи се на тимот на Радио МОФ!

Радио МОФ во новата 2024 година го освежува тимот. Бараме нов уредник/чка, нов член на семејството „радијаши“!

Ние сме мултимедијална платформа (онлајн медиум + радио) фокусирани на млади а постоиме веќе 13 години. Не е мала бројка. Постојано растеме! И, затоа ни е потребно и мало освежување, за да имаме баланс меѓу искуството и младоста, а притоа да си продолжи медиумот со она што најдобро го знае: објективен и професионален пристап, но и давање глас на младите, креативците, активистите, маргиналците.

Редакцијата на Радио МОФ е дел од организацијата Младински образовен форум (МОФ). МОФ е младинска заедница која овозможува образование за дебата, правна писменост, лични и професионални вештини; креира истражувања и политики; обезбедува медиумски простор и информираност; поддржува активизам, самоорганизирање и учество; за општествен развој на младите.

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: Уредник/чка на Радио МОФ
ЛОКАЦИЈА: Канцеларија на МОФ, Скопје

ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ/КАТА:

  • Да има навршено 18 (осумнаесет) години;
  • Способност да раководи и работи со тим, под притисок и во ограничена временска рамка;
  • Способност за непречена комуникација со организации, институции и медиуми;
  • Можност да работи од канцеларија базирана во Скопје;
  • Можност да работи за време на викенди(за чија работа следуваат слободни денови);
  • Можност да патува во рамките на државата и надвор од неа, за потребите на медиумоти организацијата.

ПОТРЕБНИ ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ:

  • Минимум 5 годишно искуство со работа во медиум како новинар;
  • Одлични комуникациски вештини, со високо ниво на говорен и пишан македонски и англиски јазик;
  • Минимум завршено средно образование. Завршено високо образование во областа на новинарство, комуникациски студии, односи со јавност и/или менаџмент, ќе се смета за предност;
  • Работно искуство во водење на тим, познавање дигитални алатки за монтажа, информирање и промоција ќе се смета за предност;
  • Интерес за известување за младински, образовни и граѓански теми;
  • Напредно познавање на MS Office алатките: Word, Excel и PowerPoint;
  • Познавање на WordPress;

ОПИС НА ГЛАВНИ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Исполнување на работно време од 40 работни часа неделно;
  • Менаџирање на работата на новинарскиот и техничкиот тим на Радио МОФ;
  • Планирање икреирање на содржини (дигитални) кои медиумот ги пласира во јавност;
  • Работа на теми во доменот на млади, образование, култура, активизам, човекови права, маргинализирани заедници и други теми во согласност со уредувачката политика на Радио МОФ;
  • Применување на професионални стандарди и Кодексот на новинарите на Македонија;
  • Следење и ажурирање на уредничка политика и стратегија, која ќе ги отсликува интересите на целиот новинарски тим на Радио МОФ;
  • Работи на промоција на содржините на Радио МОФ преку онлајн и офлајн комуникации;

КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?

Заинтересираните кандидати треба да се пријават најдоцна до 21.01.2024 година (недела) до 23:59 часот на [email protected] и [email protected], со назнака „Апликација за уредник/чка на Радио МОФ“ со испраќање на:

– Биографија (CV) и

– Портфолио (составено од свои текстови, аудио и/или видео прилози и инфографици).

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат поканети на интервју со комисијата составена од членови на Младински образовен форум.

Доколку имате дополнителни прашања, обратете се на: [email protected] и [email protected].

Прашалник: Какви се вашите искуства со корупција?

❌ Дали сте биле сведок на корупција? Дали од вас било побарано да учествувате во корупција? Каде сте доживеале корупција?

🔗 Младински образовен форум сака да ги слушне вашите искуства со корупцијата.

👩‍💻🧑‍💻 Доколку сте млад човек на возраст од 18 до 29 години, споделете ја вашата приказна со пополнување на прашалникот достапен на овој ЛИНК.

🔴 Вашите одговори ќе бидат целосно анонимни.
👉 Во рамки на својата кампања против корупција кај младите, Младински образовен форум (МОФ) сака да ги слушне искуствата на младите поврзани со корупцијата.

💡Дел од одговорите МОФ ќе ги искористи за снимање видео во која случаите на корупција бидат прераскажани од актери. 

Прашалник за стипендирање на студии во странство од страна на МОН

Младински образовен форум спроведува Истражување за стапката на успех на доделените државни стипендии од Министерство за образование и наука, наменети за студенти кои се примени на првите 100 универзитети според Шангајската Листа.

Пополнете го прашалникот на овој ЛИНК.

Во рамките на ова истражување спроведуваме анкета која има за цел да го испита степенот на информираност на младите за постоењето и имплементацијата на оваа стипендија, како и потребата и корисноста на истата.  

Вашите сознанија ќе  бидат од голема помош за добивање целосна слика за фактичките придобивки од оваа стипендија за младите од една страна, како и за целокупниот образовен систем и пазар на трудот од друга страна. Анкетата е анонимна, а вашите одговори ќе се користат исклучиво за истражувачките цели.

Ова истражување е поддржано од Фондацијата Отворено Општество Македонија.

[Продолжен рок] Повик за учество во Регионална програма за истражување и активизам за млади

Рокот за аплицирање на Повикот за учество во Регионалната програма за истражување и активизам за млади е продолжен до 21-ви јануари 2024 година.

Младински образовен форум (МОФ), Центар за наука и иновации за развој од Албанија и Младинска иницијатива за човекови права (YIHR) од Србија објавуваат повик за истражување, активизам и зајакнување на регионалната соработка меѓу трите земји наменет за млади лица. 

Повикот е дел од Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност (RYLMP) за 2023/24 и е отворена за млади на возраст од 21-30 години, кои се студенти, припадници на академската заедница или граѓанските организации, млади професионалци и младински активисти од регионот кои се заинтересирани за развивање на своите капацитети во областа на истражување, застапување, лидерство, активизам, интеркултурна размена и зајакнување на регионалната соработка меѓу Албанија, Северна Македонија и Србија

Кандидатите ќе аплицираат со нивните индивидуални предлози за акции за застапување водени од податоци, кои се фокусираат на една од приоритетните тематски области:

а) Регионална соработка и европска интеграција,
б) Образование и можност за вработување,
в) Миграција и одлив на мозоци,
г) Младинско учество и
д) Младинска акција за двојна транзиција: дигитална и зелена.

Сите кои се заинтересирани треба да аплицираат со предлог-теми за обработување за време на мобилноста и тоа во склоп на една од овие области: Регионална соработка, Образование и можност за вработување, Миграција и одлив на мозоци, Учество на млади и Младинска акција за заштита на животната средина.

Сите избрани кандидати ќе поминат период на мобилност во времетраење од две недели во секоја од земјите, каде што ќе работат на одбраните теми заедно со членовите од тимот и нивните ментори. Рокот за аплицирање на повикот е најдоцна до 21 јануари 2024 година. На учесниците кои ќе бидат избрани ќе им биде обезбедена финансиска поддршка за да ги завршат нивните проекти и да ги покријат трошоците за мобилноста.

Заинтересираните апликанти можат да добијат повеќе информации со испраќање меил на следната e-mail адреса: [email protected].

КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?

Прочитајте го целосниот повик за аплицирање за RYLMP 2023/24 (преземете овде)
Прочитајте ги Најчесто поставуваните прашања (преземете овде)
Процесот на аплицирање има два чекори:
Чекор I
Заинтересираните кандидати треба да го пополнат Формуларот за аплицирање;
Да достават Шаблон за предлог акција за застапување водени од податоци на RYLM (преземете овде);
Биографија;
Препорака, вклучително и контакт од препорачателот.

Чекор IIИнтервјуа со кандидатите кои ќе влезат во  потесен круг.

Ќе се обработуваат само целосно пополнетите апликации.

*Финансиската поддршка за учество во програмата е обезбедена од Фондацијата Отворено општество.

 

ПОВИК ЗА ВОЛОНТЕРИ за Скопски маратон 2023

Младински образовен форум (МОФ) во партнерство со Претставништвото на УНХЦР, Агенцијата на
ОН за бегалци, во Северна Македонија и Скопски маратон отвора повик за волонтери на водна
станица на овогодинешниот Скопски маратон кој ќе се одржи на 01.10.2023 година (недела).
Учеството на маратонот освен што ја поттикнува физичката активност и грижата за здравјето кај
младите, има за цел да ја подигне свеста и да служи како мотивација за младински активизам,
солидарност и подавање рака на секого на кого му е тоа потребно. Под мотото „Трчај за
бегалците“ пријави се да ја подигнеш свеста за потребата за солидарност, поддршка и интеграција
на бегалците.

Денот на волонтерите започнува во 6:30 часот наутро.

Обврски на волонтерите:
– Да пристигнат без доцнење на определената локација во Скопје;
– Логистичка помош при поделување на вода и храна на учесниците на маратонот,
– Управување на станиците за вода и насочување на тркачите;
– Создавање на позитивна атмосфера и бодрење на учесниците на маратонот и
– Расчистување и собирање на отпадоци.

Начин на пријавување:
Сите заинтересирани може да се пријават со пополнување на формуларот. Рокот за пријавување
е најдоцна до 24.09.2023 (недела) до 23:59 часот.

Дополнителни информации:
Иницијативата „Трчај за бегалците“ се организира 6-та година по ред.
Оваа активност е дел од проектот „Ангажирање на младите за подобрување на наративот за
лицата под мандатот на УНХЦР“.

За сите дополнителни информации и прашања, може да се обратите на Орце Николовски, на
[email protected] или на 078 421 564.

Повик за учесници на МОФ Летна академија 2023

Младински образовен форум (МОФ) и оваа година ја организира својата Летна академија за младински права, демократија, младинско учество и организирање и адресирање на социјални предизвици и проблеми.

Академијата ќе се одржи од 21-25 август 2023 година (понеделник-петок) во хотел Истатов, Дојран. Истата ќе собере 100-тина млади учесници од Северна Македонија кои ќе добијат прилика да присуствуваат на стручни предавања и панел-дискусии што ќе понудат опсег на знаења и вештини и ќе ги оспособат да станат поактивни во своите локални заедници преку акции за застапување.

Повикот е отворен за сите заинтересирани млади на возраст од 15-25 години кои живеат на територијата на Северна Македонија, кои се членови на МОФ, но и оние млади кои досега немале прилика да се вклучат во активностите и настаните на организацијата.

Секој учесник ќе треба да направи избор на траките што би сакал да ги слуша согласно своите преференци и приоритети. Финалниот избор ќе се направи според квалитетот на поднесените апликации и до пополнување на ограничениот број на места по траките.

ОПИС НА ТРАКИТЕ:

Дебата

Сакате да ги подобрите вашите ораторски вештини и критичко размислување преку изучување на British Parliamentary Debate (Британска Парламентарна дебата) форматот? Сакате да дебатирате на неочекувани теми? 

Приклучете се на дебатната трака за оваа летна академија и запознајте се со овој формат кој ќе ви покаже дополнителни аспекти како да се победи во една дебата и несомнено ќе ве подготви и мотивира да учествувате на повеќе (интер)национални турнири.

Предавањата ќе се фокусираат на теоретскиот дел на изучување на форматот, заедно со практични вежби во кои активно ќе бидете вклучени и ќе имате можност да ги примените стекнатите знаења за компетитивна дебатa.

Не го повишувај тонот, зајакни го аргументот!

Учиме право – Младите и Демократијата

Избори – клучот на демократијата?

Сакаш да бидеш дел од демократските процеси и да имаш влијание? Да бидеш информиран гласач, за кога ќе има избори да знаеш што да правиш? Дојди на траката „Избори – клучот на демократијата?“ на МОФ летната академија 2023!

Во рамките на оваа трака, ќе имаш можност да учествуваш на предавања за избори, изборните системи и процеси, младинско учество и зошто младите се важен дел од едно демократско општество.

А како се учи најубаво, ако не практично?  На траката ќе имаш можност и прв пат да гласаш за претседател, но и да можеш да се кандидираш за претседател. На академијата се разбира.

Дојди, научи и гласај!

Истражување и креирање младински политики

Оваа трака е фокусирана на истражување и креирање на младински и образовни политики на локално и национално ниво.

Траката за истражување е одлична можност за сите средношколци и студенти кои сакаат да научат повеќе за академско пишување, истражување и креирање на препораки за јавни политики, со фокус на теми поврзани со млади и образование.
Траката ќе опфати две главни компоненти поделени на 6 сесии кои се сметаат за столбови на програмата: истражување и застапување. Првата компонента, преку 4 сесии ќе ве научи повеќе за тоа како да градите истражувачко прашање и хипотеза, како да ги истражувате темите (квалитативни, квантитативни и мешани методи) и како да поставите етичката рамка при креирање на истражувачки труд. Втората компонента преку 2 сесии ќе се фокусира на пишувањето и промовирањето на препораки за креирање на јавни политики. На крајот од траката, ќе подготвите краток документ за јавни политики на одредена тема поврзана со млади и образование.

Оваа трака ќе ви овозможи активно да учествувате во креирањето на политики што позитивно ќе влијаат на нашето општество.

Артивизам

Креативни сте? Имате талент? Сакате да направите промена преку уметност?

Приклучете се на траката „Артивизам“ и дознајте како да ја искористите моќта на уметноста за да ги решите проблемите кои ве засегаат.

Што добивате:

  • Вештини за идентификување и анализа социјални предизвици и проблеми;
  • Вештини за креативно решавање на проблеми;
  • Ќе научите повеќе за младински активизам и дигитална уметност;
  • Tips&Tricks за онлајн платформата – Канва
  • Ќе имате можност да организирате герила акција.

Бидете дел од инспириративната генерација на младински активисти

Како да бидам новинар?

Вести има секаде, но како да препознаеш што е вредно за објава? Можеби имаш желба да правиш подкаст, ама не знаеш за што би зборувал и како би водел интервју? Или сакаш да снимаш видео-прилог, но немало кој да ти покаже како да склопиш приказна? Дополнително, дали ако знаеш да пуштиш музика на смартфонот, значи дека си медиумски писмен?

Во склоп на Летна академија 2023, тим од двајца искусни новинари на Радио МОФ, заедно со медиумски експерт, ќе ти покажат како да бидеш новинар. Заедно со тимот ќе дознаеш што е тоа новинарство, зошто е важно и како се практикува. На оваа трака нема да слушаш само теорија, тука сакаме да бидеш дел од интерактивна програма со информативни, едукативни и забавни содржини.

За сите има нешто интересно, од сè по многу.


Доколку сакате да земете учество на Академијата, потребно е да го пополните следниот прашалник. Овој повик е отворен од 21 јули 2023 година (петок) и истиот се затвора на 2 август 2023 година (среда) во 17:00 часот.

За дополнителни прашања и информации, може да се обратите на следните мејл адреси: [email protected] и [email protected]

МОФ Летната академија 2023 се организира со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Биди волонтер/ка на “ENGAGE“ – собир за социјален активизам

Радио МОФ и Младински образовен форум го организираат дванаесеттото издание на настанот за социјален активизам – ENGAGE кој ќе се одржи на 9-ти јуни (петок) 2023 година со почеток во 13:00 часот  во Младинскиот Културен Центар во Скопје.

На ENGAGE 2023 домашни и странски активисти, борци за човекови права и креатори на онлајн иницијативи ќе споделат знаења и искуства на теми поврзани со активизам, социјална промена, слобода на говор, култура, животна средина, технологија и медицина. Преку ENGAGE, Радио МОФ и МОФ се стремат да го подигнат нивото на информираност на граѓаните, нивната присутност и активно делување, како онлајн така и во физичкиот простор.

За потребите на настанот, МОФ отвора повик за волонтери. Како организација која силно верува и го поддржува волонтерството како одличен начин и механизам за искуствено учење и надоградување, би сакале да ги поканиме членовите на МОФ да ни се придружат во организацијата на овој целодневен настан и да добијат прилика да научат нешто повеќе за организирање и спроведување на настаните на МОФ, како и да присуствуваат на самите предавања и работилници во текот на денот.

Доколку сте заинтересирани, ве молам пријавете се на следниот линк: https://forms.gle/c7k2EvURsrEjvsoo6

Потребно е само да имате време и желба да присуствувате на еден координативен состанок пред настанот на 9-ти јуни, како и на самиот ден од 13:00 – 18:00 часот. Ќе обезбедиме и оправданија за отсуство од наставата, доколку е потребно.

За дополнителни прашања и информации, обратете се на [email protected] или телефонски на 078 421 564