[Младински Локални Банки] Завршен настан-Изложба на фотографии и уметнички дела „Младите за општинатa“

Младински банки е програма чија главна цел е да го зголеми учеството на младите во процесите поврзани со локалниот развој преку доделување на неповратни парични средства за проекти кои ги креираат и водат неформални групи на млади.
Со младинската банка Центар, со поддршка на Младите можат и Општина Центар , управуваат 6 членови на Одборот за младинската банка, кои се млади луѓе на возраст од 15 до 30 години, избрани на јавен повик и обучени да ја водат програмата за мали грантови. 
Членовите на Одборот, врз основа на приоритетите и потребите на младите, може да распишат конкурс и да одлучуваат за финансирање на проекти на неформални групи на млади во општината.
Во текот на месец Јули, одборот на Младинската банка отвори повик за младински иницијативи кои ќе бидат поддржани од фондот на Младинската Банка на општина Центар. Во периодот Август-Октомври избраната иницијатива се реализираше и конечно дојде моментот…
Ве покануваме на завршниот настан од проектот Младински Локални Банки-општина Центар. На завршниот настан ќе бидат претставени резултатите од проектот и ќе биде отворена изложбата на фотографии и уметнички дела „Младите за општината!“
Младите од општината ги детектираа проблемите со кои се соочуваат низ годините и одлучија дека ваков тип на настан е одличен почеток за промени во општината и зголемен број на културни настани за младите. Изложбата „Младите за општината!“ го решава еден од главните проблеми детектиран во анализата „Потребите на младите на локално ниво“- а тоа е недостаток на културни настани за младите.
Ги мотивираме сите уметници и љубители на фотографијата да се приклучат на оваа изложба и да ги достават нивните фотографии и уметнички дела (без ограничувања на тематика и формат) најдоцна до 27.10.2022 (четврток) до 15.00 часот во канцеларијата на Младите Можат (Булевар Илинден бр.47-3).
На 28.10.2022 со почеток во 14.00 часот во Младинскиот центар Матично сите млади, уметници и претставници од општината ќе присуствуваат на изложбата и заедно ќе го направат првиот чекор кон реализација на повеќе културни настани за младите од општина Центар.
📆28.10.2022
⏳14.00 часот
📍 Младински центар Матично
Иницијативата Младински Локални Банки се спроведува во рамки на проектот “All for You(th)“ финансиран од Европската комисија, a го имплементира Здружение на граѓани Младите Можат со поддршка на општина Центар.

ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ ЕРАЗМУС+ ТРЕНИНГ “EMYS SUSTAINABILITY TRAINING“ ВО ВИЕНА, АВСТРИЈА

Отворен е повик за учесници на Еразмус+ тренинг  “EMYS Sustainability training“ од 06.11-11.11.2022 во Виена, Австрија.

Овој тренинг е дел од проектот Engaging Marginalized Youth for Sustainability (EMYS) чија цел е да се мотивираат и зголемат капацитетите на младите луѓе да станат креатори на промени и да имплементираат иницијативи не само во нивните заедници, туку и на европско ниво.

*можеш да прочиташ повеќе за EMYS проектот на следниов линк.

Со овој тренинг младите, младинските лидери и амбасадори ќе се обучат за методологиите на неформалната едукација, ќе ги подобрат нивните компетенции за фацилитација, застапување и лобирање.

Преку учество на овој тренинг ќе ги зголемиш твоите вештини и ќе и помогнеш на твојата организација да понуди поширок спектар на едукативни понуди прилагодена на потребите и можностите на маргинализираните групи.

Вештини кои ќе ги развиеш за време на тренингот:

  • Техники за фацилитација, застапување и лобирање
  • Генерирање и осмислување идеи
  • Design thinking техники
  • Менаџерски вештини
  • Работа во меѓународни тимови

Профил на учесници:

  • Млади од 18 до 35 години
  • Младински амбасадори, младински работници, младински организации/совети/центри и движења на младинската заедница
  • Одговорни и активни млади
  • Заинтересираност и желба за подобрување на својата заедница
  • Со добро познавање на англискиот јазик

* Храната и сместувањето се покриени од страна на организаторот. Трошоците за превоз се рефундираат во вредност до 300 евра.

Доколку сметаш дека ги исполнуваш условите и си подготвен/а да земеш активно учество во текот на целиот тренинг/проект, пријави се на следниов линк.

Рокот за аплицирање е до 17.10.2022, до 23:59 часот.

За сите дополнителни информации можеш да ни пишеш на [email protected] или да не контактираш на следниов телефонски број 071 779 381.

СРУШИ ЈА СТИГМАТА! Да зборуваме за менталното здравје

👊🏻СРУШИ ЈА СТИГМАТА! Да зборуваме за менталното здравје
🤔Дали некогаш во твојата околина се зборувало за менталното здравје? Сметаш ли дека младите се доволно запознаени со оваа тема, го знаат нејзиното значење и умеат отворено да зборуваат за менталното здравје? Можеби имаш увид дека се смета за табу-тема, или нешто што неретко се занемарува?
📢Токму затоа сме тука: за заедно да ја срушиме стигмата околу менталното здравје, зборувајќи јасно и гласно за него, за предизвиците со кои се соочуваме, како и начините на кои можеме да го негуваме.
✅Со голема возбуда ве покануваме да се приклучите на нашите работилници во петок, 14-ти октомври, во катчето на Младите Можат, во 14:00 часот.
👉🏻Кој може да учествува? – Сите млади на возраст од 13 до 26 години, кои сакаат да научат нешто повеќе за менталното здравје, за себеси и грижата за сопствената добросостојба.
❓Како да се пријавам? – Можеш да се пријавиш на гугл формата достапна на линкот.↘️

Повик за Координатор за комуникации во Младите Можат

Извршната канцеларија на Младите можат е во потрага по нов млад ентузијаст кој е подготвен дa работи во флексибилна и динамична средина исполнета со позитивна енергија.

Доколку си подготвен/а да работиш на својот личен развој и дополнително да ги развиваш своите вештини преку принципот на “learning by doing“ – ова е одлична можност за тебе! Те повикуваме да бидеш дел од атмосфера на постојано учење, надоградување, но и стакнување нови пријатели и колеги. Биди дел од тимот кој верува во моќта на младите да бидат катализатори на позитивни промени во општеството. Но, за да го постигнеме она во кое веруваме потребни ни се посветеност, истрајност, прилагодливост и самоиницијативност како дел од тимските вредности и тимскиот дух.

Работни обврски на Координатор за комуникации

Генерална цел на работата:

  1. Осмислување на дизајни за промоција на програмските и проектните активности на организацијата;
  2. Креирање на дизајни за промоција на програмските и проектните активности на организацијата;
  3. Асистенција при раководењето на профилите на социјалните медиуми на организацијата
  4. Координација на најголемиот ден за можности за средношколци Social day 2023 (прочитај тука за што станува збор)

Задачи и одговорности:

  1. Учество во воспоставување правила за екстерно брендирање и нивна примена;
  2. Учество на настани и креирање на содржина за време на настаните која подоцна ќе се користи за промоција;
  3. Подготовка на canva дизајни за веб страните на Младите можат, платформата Час за час, платформата Кариерен пат и други веб платформи со кои програмски може да раководи Младите можат, како и дизајни за објави на социјалните медиуми;
  4. Одржување и редовно ажурирање на веб страните на Младите можат, платформата Час за час, платформата Кариерен пат и други веб платформи со кои програмски може да раководи Младите можат;
  5. Грижа за видливоста на активностите на организацијата преку редовни објави на социјалните медиуми;
  6. Дизајнирање на објави за информативни кампањи на Младите можат, застапувачки и друг тип на кампањи;
  7. Водење грижа за онлајн достапност на сите позначајни документи (публикации, извештаи, позиции, видеа итн ) на организацијата;
  8. Подготовка на canva дизајни и објави за проектните активности на организацијата;
  9. Грижа за унифицирање на видливоста на сите проектни и програмски активности на Младите можат;
  10. Креирање на содржините кои ги пласира во јавност, вклучувајќи соопштенија за медиуми, покани за медиуми и други содржини кои произлегуваат од проектните и програмските активности на организацијата;
  11. Подготвува годишен работен план согласно Комуникациската стратегија, заедно во соработка со Извршниот директор, останатите координатори и тела на Младите можат;
  12. Подготовка на canva дизајни за наративни (периодични, финални и ad hoc извештаи) за донатори, собрание и други засегнати страни, доколку е потребно;
  13. Воспоставување и одржување комуникација и соработка со бизнис заедницата при организација на Social day;
  14. Промоција на Social day пред сите засегнати страни (средношколци, средни училишта, бизнис заедница, државни институции)
  15. Координација на програмски тим за организација на Social day (координатори на региони, волонтери )

Одговорности кон тимот:

  1. Придонес во спроведување на процесот на институционален развој на Младите можат и градење капацитет на Извршната канцеларија
  2. Градење на капацитетите на Извршната канцеларија и другите тела на Младите можат за обезбедување поголема видливост на работата на организацијата;
  3. Успешно и навремено планирање, спроведување и координирање на проектните активности за кои е задолжен/а, согласно портфолиото за работа;
  4. Комуникација, координација и соработка со членовите на Извршната канцеларија и Управниот одбор;
  5. Поднесување месечен извештај за својата работа до Извршниот директор.

Критериуми за аплицирање:

Образование (одсек):    Општествени науки (Маркетинг, Новинарство, Комуникациски студии) или завршен курс/академија за дигитален маркетинг/графички дизајн

Години на работно искуство:      Минимум:  1                             Пожелно: 2

Технички и професионални вештини:

  • Работа со Canva програм за креирање на дизајни
  • Пожелно познавање на некоја од програмите за креирање на дизајни (Photoshop, Illustrator и друго)
  • Познавање на програма за креирање на видео содржини
  • Познавање на граѓанскиот сектор и младинската работа

Основни карактеристики:

  • Лојалност
  • Организираност
  • Професионалност и посветеност
  • Способност за индивидуална и работа во тим
  • Работа во куси рокови
  • Менаџмент на време
  • Менаџмент на конфликти
  • Прилагодливост во однос на работни часови и работно време, како и работа од канцеларија, од дома и обврски кои наметнуваат повремено патување во рамки на државата

Неопходни јазици: Македонски и Англиски јазик (албански јазик е пожелно)

Дополнителни информации:

Ангажманот започнува од 1 декември 2022г. со пробен период од минимум 1 месец. Ангажманот е со полно работно време од 40 часа на неделно ниво, со работа од канцеларија во Скопје. Работното време е флексибилно, во согласност со работните обврски. За ангажманот е предвиден почетен финансиски надомест од 20.000 денари нето сума, на договор на дело, во текот на пробниот период, со можност за редовно вработување по истекот на пробниот период.

Начин на аплицирање:

Испраќање на кратка биографија и мотивациско писмо на [email protected] со назнака Апликација за Координатор за комуникации на Младите Можат

Рок за пријавување:

05 ноември, 2022 година, 23:59

Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте не на [email protected]  или на 078313931

[Младите можат] Повик – Младински локални банки, Центар

Почитувани,

Ве известуваме за повик од страна на Младинската банка (Центар) кој е поддржан од Младите Можат и Општина Центар.

Младински банки е програма чија главна цел е да го зголеми учеството на младите во процесите поврзани со локалниот развој преку доделување на неповратни парични средства за проекти кои ги креираат и водат неформални групи на млади.

Предлог проект можат да поднесат млади кои живеат на територијата на општината Центар, имаат идеи како да ги подобрат условите за живот на младите во средината во која живеат, млади кои се активни и имаат волја, пријатели, соседи и други познаници кои се спремни да направат нешто за себе и за својата заедница.

Прифаќаме предлог-проекти кои: имаат јасна идеја, цел и план за реализација, имаат одредено место, време и траење на проектот, ги исполнуваат критериумите  за да добијат поддршка од фондот на младински банки, имаат јасно дефиниран и точен буџет, доставени се пред истекот на рокот за пријавување.

Појаснување на критериумите за проекти:
1)  Безбедност во сообраќајот
2)  Простори за млади каде ќе може да делуваат
3)  Унапредување на животот во локалната заедница (животна средина, урбанизам, простори за спорт и рекреација и сл.)
4)  Подобри услови и згрижување на уличните животни
5)  Организација на културно-забавни настани за млади (може да бидат и со хуманитарен карактер)
6)  Поддршка на идеи на млади локални социјални претприемачи.

Повикот за предлог проекти е отворен до 20 јули 2022 година, а младинската банка Центар ќе ги извести за конечната одлука како поддршка на проектите најдоцна до 27 јули 2022 година. Предвидено е сите поддржани проекти да се реализираат во периодот од 1 август до 31 октомври 2022 година.

Во прилог ви го испраќаме повикот и аплицискиот формулар што можат да го пополнат сите заинтересирани . За повеќе информации можете да се обратите на:

 
Ви благодариме, 
 
Тимот на Младите можат

Повик за ангажирање експертска група за креирање на програма за кариерно насочување на средношколци

  1. Вовед

Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање експертска група за креирање на програма за кариерно насочување на средношколци за потребите на проектот “All for You(th)“, финансиран од Европската комисија. Програмата за кариерно насочување ќе биде наменета за средношколци и се очекува програмата да се пилотира до крај на 2022 година, а да биде целосно усвоена и имплементирана до крај на 2025. На овој повик во улога на апликанти може да се јават индивидуи, групи или асоцијации. Експертската група која ќе аплицира или ќе биде составена, мора да биде од двајца експерти. Ангажманот е со времетраење до крајот на 2022година.

  1. Опис на работен ангажман

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик експертот/ката треба да ги спроведе следните работни задачи:

  • Одржување на работни состаноци заедно со проектниот тим (во текот на целиот проект);
  • Подготовка на нацрт програма за кариерно насочување (февруари-март);
  • Организирање на консултативни средби со други засегнати страни (претставници од МОН, психолози, социјални работници и слично) (април);
  • Собирање, анализирање и преработка на коментари и препораки (април-јули);
  • Подготовка на финална верзија од програмата за кариерно насочување (април-јули);
  • Пилотирање на програмата (август-декември)

Експертот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.

  1. Потребни квалификации
  • Завршено високо образование;
  • Над 5 години работно искуство во областа на кариерно насочување;
  • Искуство во креирање на образовни програми;
  • Овластување или некој друг вид на сертификат за кариерен советник;
  • Одлични комуникациски вештини на македонски и англиски;
  • Познавање на работа со млади во насока на кариерно насочување
  1. Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија на експертот/ката
  • Финансиска понуда
  • Методологија за работа

преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за експертска група за креирање на програма за кариерно насочување на средношколци. Добиените апликации ќе бидат разгледани и  оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.

Рок на аплицирање: 20ти февруари 2022г., 23:59.

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]

Повик за членство во Младите Можат

Сакаш да станеш најдобрата верзија од себе? Сакаш да ги зголемиш своите капацитети за лидерство во заедницата? Сакаш да станеш агент на позитивни промени?
📢ОТВОРЕН Е ПОВИК ЗА ЧЛЕНСТВО ВО МЛАДИТЕ МОЖАТ
🙌🏻Те предизвикуваме да започнеш промена, најпрво од себе а потоа и на другите околу себе, со можност и слобода да учиш, стекнуваш искуства и преземаш акции.
💡Како? – Преку членството на Младите можат. Нашето членство е суштински дел од организацијата и преку развој на истото веруваме дека ќе ја зголемиме моќта на младите како катализатори на позитивни промени најпрво на личен план, а потоа и во денешното општество.
🙋🏼‍♀️🙋🏻‍♂️А кој може да стане член во Младите можат? – Секој млад човек кој има желба да се развива на личен план, со секоја своја акција да станува подобра и поуспешна личност, да волонтира и да придонесува кон позитивни промени во заедницата во која живее.
 
На овој ЛИНК можеш да прочиташ повеќе за новиот повик и новиот концепт за членство 2022 на Младите Можат.
 
 

Прашалник за граѓански организации

Во рамките на повикот за предлози од “DG EuropeAid” на Европската комисија, Волонтерски Центар Скопје заедно со ADICE (Франција) и македонските партнери, сакаат да подготват проект за зајакнување на капацитетот на граѓанските организации (ГО).
За да го сториме тоа, сакаме да развиеме одржлив волонтерски систем. Ова ќе се заснова на создавање на Македонска граѓанска служба што ќе биде поддржана од циклус на обуки за граѓанските организации со цел да им се дозволи да бидат акредитирани и да бидат домаќини на волонтери во рамките на иновативни програми.

Овој прашалникот нема да одземе повеќе од пет минути од вашето време, а ќе им овозможи на ВЦС и на партнерите да предложат проект што најдобро одговара на вашите потреби и на младината во Македонија.

Прашалникот е достапен тука.

 

Social Day 2021 – Youth makes change happen

Дали сакате да бидете дел од првиот Social Day во нашата земја и да ги поддржите младите во нивниот сон да го направат општеството подобро место за живеење?

Доколку одговорот е да, тогаш ние ви ја претставуваме совршената можност за взаемно дејствување со младите за една заедничка цел – позитивни промени и развој на општеството.

Што е Social Day или низ Европа познат како Solidarity Action Day
Идејата е едноставна, младите луѓе заменуваат еден ден на училиште за работа која тие ја бираат односно 500 млади донираат дел од своето време и својата дневница за младински проекти во нашата држава.

Целта на Social Day е да се воспостави солидарност помеѓу младите во текот на нивните училишни денови,  да инспирира активно граѓанство и општествен развој воден од млади, тоа е влијателен инструмент кој овозможува пристап до политичка едукација и креира фонд за младински иницијативи.

Овој концепт иако е нов кај нас, во држави како што се Данска, Норвешка и Италија постои и се применува со децении.

Интересен факт: во Норвешка, секоја година, на овој ден, 85 000 млади  заработуваат околу 1 800 000 евра.

 

Како вие може да помогнете да се оствари целта?

За да биде успешен Social Day, потребни се што е можно повеќе работни позиции на кои ќе можат да аплицираат младите кои на еден ден ќе бидат младински работници, наставници, директори и сѐ она што вие можете да понудите.
На овој начин, млади те не само што креираат фонд за проекти, туку и ги разгледуваат потенцијалните области за вработување и насока за образование.

Доколку сте заинтересирани треба да ги направите следните чекори:

1. Направете ваш профил на karierenpat.mk како компанија

2. Креирајте оглас во категорија Social Day

3. Самата веб платформа има канал за комуникација меѓу младите и понудувачите на работна позиција и процесот на аплицирање се случува исклучиво преку неа.

4. Се гледаме на 10ти ноември, кога заедно ќе работиме за подобро општество.

*Бројот на работни позиции кои може да ги понудите е неограничен. Минималната дневница е 600 денари.